Екипата на Алкалоид дојде до петтиот триумф откако на домашен терен го совлада Бутел Скопје со 32-25 во рамките на седмото коло и го потврди второто место на табелата во Супер-лигата. На другата страна за Бутел Скопје ова беше втор пораз и сега е на петтото место на табелата.
Избраниците на Кирил Лазаров доминираа на оваа средба, отворија со 5-0, на гостите им беа потребни шест минути за да го постигнат првиот гол. На одморот резултатот беше 18-13. Во вториот дел само после шест минути игра, Алкалоид поведе со двоцифрени 24-13 со головите на Џонов и Карасманакис. Бутел Скопје во продолжение немаше простор да приреди пресврт, единствено што успеа да направи е да го ублажи поразот.
Стојковиќ со шест гола беше прв стрелец, Ненад Костески имаше пет гола, додека Галевски запиша 11 одбрани. На другата страна Трајкоски запиша 18 одбрани, но истите не беа доволни за нешто повеќе.
На останатите средби вториот тим на Пелистер беше подобар од Пролет со 24-26, додека Струга го победи Куманово со 26-25.