Како Македонија директно на СП 2026: Еве зошто ќе навиваме Велс да ја победи Белгија!

881

По она реми без голови синоќа во Гент, на гости кај Белгија, нашата А- репрезентацијата и натаму е лидер на табелата во квалификациската група – Ј за пласман на СП 2026.

Јасно е дека сите посакувавме победа, но и бодот е голем како планина откако перфектно одигравме во одбрана а Столе Димитриевски покажа уште еднаш дека е класа голман.

Сега по 6 меча ние имаме 12 бодови, Белгија од пет меча има 11, а Велс од пет меча има 10 бода. И сите овие три селекции се во битка за тие првите две места. Првопласираниот ќе оди директно на Мундијалот, а второпласираниот ќе игра бараж.

Без разлика што сме лидери, сега по тие 0:0 во Гент, не зависи само од нас дали на крајот ќе останеме на тоа место во групата, ако се знае дека и Белгија и Велс имаат да играат по три меча, а ние само два.

Да се потсетиме што и треба на Македонија за да оди директно на Мундијалот:

Како прво ние мора в понеделник да славиме со Казахстан со што ќе имаме 15 бода. Потоа Велс мора да ја победи Белгија, па така Велс ќе има 13 а Белгија 11 бода. Потоа во ноември ние мора да го победиме Велс на гости и да завршиме со 18 бодови.

Ако биде така тогаш на Белгија бадијала ќе и бидат двете победи со Казахстан и Лихтенштајн.

И ако биде така, тогаш Македонија ќе заврши како прва со 18 бода, Белгија ќе биде втора со 17, Велс трет со 16 бода.

Тоа се калкулациите, поточно само со ваков расплет во групата Ј, Македонија би можела да заврши како прва.

Еве зошто ќе треба да навиваме за Велс во понеделник да ја победи Белгија. Во случај на реми или победа, тогаш јасно е дека Белгија ќе оди директно на Мундијалот, а ние преку бараж ќе се обидеме да го оствариме сонот – пласман на СП.

ТАБЕЛА

Македонија 12 (6), Белгија 11 (5), Велс 10 (5)

Еве кој со кого до крајот на квалифиакациите:

Македонија – Казахстан

Велс – Белгија

Казахстан – Белгија

Лихтенштајн – Велс

Велс – Македонија

Белгија – Лихтенштајн

ПретходноОдбојкарките денеска ја отвораат новата првенствена сезона
СледноПоранешната ѕвезда на Ливерпул на клупата на Ренџерс