Вчера се одиграа два меча во квалификациската група – Ј за пласман на СП 2026. Прво Казахстан дома славеше со Лихтенштајн со 4:0, а потоа Белгија и Македонија одиграа без голови.
Веќе во понеделник во Скопје селекцијата на Македонија го пречекува Казахстан, а во Кардиф играат Велс и Белгија.
Во пресрет на гостувањето во Скопје, за Спортс.кз, свој коментар имаше аналитичарот од Казахстан, Булат Есмагамбетов кој со респект говореше за Македонија.
Па еве дел од неговата анализа и очекувања за мечот Македонија – Кзахстан:
„За неколку дена ќе играме натпревар на гости против Македонија. Во првиот натпревар во главниот град на Казахстан, Македонците ни покажаа прагматичен фудбал, фокусиран исклучиво на резултати. Натпреварот во Астана беше изедначен, но не особено возбудлив. Северна Македонија моментално работи напорно, но упорно кон својата цел – тимот двапати ремизираше против силната Белгија, е непоразен во ова квалификациско коло и е лидер во групата. Мислам дека нашите противници ќе го проучат настапот на Казахстан под водство на новиот селектор и ќе играат лично со Кенжебек. Македонците се добри во своите прекини и несомнено ќе создадат многу шанси на домашниот натпревар. Очајно им е потребна победа! Натпреварот ветува дека ќе биде многу интересен.