Норвешка незапирливо ита кон Мундијалот, Унгарија со важна победа (ВИДЕО)

33

Само чудо може да ја спречи Норвешка да не оди директно на Мундијалот во 2026 година. Вечерва четата предводена од Ерлинг Халанд славеше со 5:0 над Израел и со шестата последователна победа во квалификациите го продолжи маршот кон светското првенство.

Натпреварот што беше „клучен“ за квалификациската група заврши со убедлив триумф на Норвежаните, во чии редови неверојатниот Халанд постигна нов хет-трик, додека двата преостанати гола беа всушност автоголови на израелските репрезентативци. Сега Норвежаните се лидери во групата со сите 18 бода, со феноменална гол-разлика од 29:3. Италијанците имаат девет бода помалку и два натпревари помалку, но реално Израел беше последната надеж на „Азурите“ да можат да се вратат во борбата за првата позиција, која води директно до светското првенство.

Во исто време, во Будимпешта Унгарија ја победи Ерменија со 2:0. Домашниот тим се мачеше на „Пушкаш Арена“, а славеше со головите на Лукач во 56-тата минута и на Грубер во 94-тата минута. Сега Унгарија го зазеде посакуваното второ место на табелата со четири бода, Ерменија остана на три бода, а Република Ирска има еден бод и вечерва во 20:45 часот гостува кај фаворизираната Португалија, која ги има сите шест бода и планира да оди на девет по ова коло.

ПретходноВМФЛ: Штипските „сини“ го победија Скопје и се вратија на делба на првото место
СледноУЕФА ќе прави промени: Квалификациите за ЕП и СП во иднина со единствена табела како во Лигата на шампионите?