Одбојкарките денеска ја отвораат новата првенствена сезона

30

Со три натпревари денеска и официјално стартува новата одбојкарска сезона во женска конкуренција. По долгата летна пауза, одбојкарските клубови ја отвораат  Првата и Втората лига.

Во најсилното женско друштво натпреварувањето стартува попладнево од 16 часот во СЦ „Форца“ во Скопје, каде ланскиот финалист Работнички Скопје го пречекува составот на Струмица. Од 18 часот, се играат уште две средби. Носителот на куп-пехарот од ланската сезона Наковски Волеј отвара пред својата публика против дебитантот во прволигашкото друштво Газели Волеј, а во истиот термин и Ускана Волеј го пречекува Вардар ЕМ.

ПретходноНовак елиминиран во 1/2 финалето во Шангај од тотален анонимус!
СледноКако Македонија директно на СП 2026: Еве зошто ќе навиваме Велс да ја победи Белгија!