Од авион на тренинг: Почнува „мисијата“ Казахстан, осуммина мора да внимаваат на картоните

450

Македонската фудбалска репрезентација денеска се врати во Скопје по вчерашното реми на гостувањето кај Белгија во Гент. За нашите фудбалери нема време за одмор, па селекторот Благоја Милевски веќе го закажа вечерниот тренинг на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во 19.30 часот.

Дел од фудбалерите денеска почнуваат со подготовка за исклучително важниот натпревар со Казахстан, тренираа оние што не добија шанса на вчерашниот дуел против Белгија. Она на што особено треба да се внимава на дуелот во понеделник со Казахстан, освен битката за трите бода, се и картоните.

Имено дури осуммина фудбалери од нашата репрезентација се под закана да го пропуштат последниот меч од квалификациите во ноември на гости кај Велс.

ПретходноБалканска “војна“ во Лесковац: Ќе биде ли Пикси херојот на Србија?!
СледноРоналдо си призна: Имам фобија од ќелавост!