Пеп со пофалби за еден тим: „Начинот на кој играат е, за мене, восхитувачки“

88
ФОТО: Manchester City F.C./FB

Пеп Гвардиола според многумина е најдобриот тренер во последните дфве децении, некои тврдат дека е и најдобриот на сите времиња. Јасно е дека Пеп, кој сега е во Манчестер Сити а претходно ги предводеше Барселона и Баерн Минхен има и свои противници, но фактите се тие, дека е еден од најдобрите.

И кога една таква величина ќе пофали друг тим, тогаш неговите зборови имаат своја тежина.

А Пеп е восхитен од тоа како игра Барселона, неговиот некогашен клуб и како играч и како тренер:

Секогаш кога ја гледам Барселона, знам дека ќе се забавувам.Да се гледа Барса е многу возбудливо бидејќи играат со неверојатна храброст. Не сакам да давам совети, но луѓето секогаш ќе велат дека проблемот е во одбраната на Барселона и дека треба да го променат начинот на кој се бранат. Сепак, би им рекол да не менуваат ништо! Треба да продолжат на начинот на кој играле досега.Споредба на мојот стил и на Ханси? Идејата на Кројф беше да се постигне гол повисок од противникот, со неверојатна контрола врз текот на играта. Мислам дека Ханси внесе дополнителна свежина во овој концепт“ заклучи Гвардиола.

ПретходноФОТО НА ДЕНОТ: Браво МАКЕДОНИЈО…имаш ЈУНАЦИ!
СледноБарди: Секоја чест за Столе, посакувам да ги издржи сите овие неправди во Валенсија