Уште еден доказ дека Струга ТЛ и Башкими се во одлична форма. Користејќи на репрезентативната пауза, денеска и двете екипи од ПМФЛ одиграа пријателски средби и тоа во Албанија и Косово.
Струга ТЛ му гостуваше на Скендербег во Корча и тимот на Бледи Шкемби успеа да победи со 1:2. Стрелци на двата гола за нашиот тим беа Воша и Јефтоски.
Башкими гостуваше на Косово, каде успеа исто така со 1:2 да слави против домашниот состав на Љапи.
Стрелци за кумановскиот прволигаш беа Реџепи и Саити.
Двајцата тренери, Бледи Шкемби (Струга ТЛ) и Муарем Муарем (Башкими) им дадоа шанса на повеќе свои играчи со цел да се провери нивата моментална форма.