Ракометарите на Тиквеш постигнаа три гола во едно полувреме

126
Фото: ГРК Тиквеш/Фејсбук

Екипата на ГРК Тиквеш со голема негатива се враќа од гостувањето кај Бешикташ во рамките на првиот меч од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп. Кавадарчани беа совладани со 31-20, резултат кој не ветува пласман во следното коло иако имаат шанса за поправен пред своите фанови.

Турискиот тим не ги искористи сите сили, а својата разлика во квалитет ја покажа кога на ГРК Тиквеш му дозволи да постигне само три гола (Цејовиќ и Мијушковиќ на стартот, Коцев во 20 минута), резултатот беше 16-3.  Кавадарчани се поправија во вториот дел, ги искористија моментите на опуштеност на противникот, но негативата остана голема.

Коцев имаше пет гола, по четири постигнаа Христоски и Мијушковиќ.

Реваншот се игра за седум дена.

ПретходноВМФЛ: Шкендија Арачиново славеше под Шара, без голови во Гевгелија
СледноБалканска “војна“ во Лесковац: Ќе биде ли Пикси херојот на Србија?!