Македонската фудбалска репрезентација дојде до голем бод против Белгија на гости во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година. Благоја Милевски и неговите момци го живеат мундијалскиот сон, останаа лидери на табелата со 12 бода, имаат три победи и три нерешени.
За ремито (0-0) против Белгија во Генк пишува целиот регион. За подвигот на нашите момци на големо се пишува, никој не очекуваше дека Македонија ќе успее да одигра еден ваков натпревар против фаворитот Белгија.
Македонија засега е најдобра од остантите земји од регионот, после шест меча е во пол-позиција на патот кон Светското првенство.