Она што се најавуваше со денови, од денеска е и официјално. Саша Обрадовиќ е нов шеф на струката во КК Ц. Звезда. Откако сезоната ја почнаа очајно лошо, раководството на српкиот гигант се раздели со досегашниот стратег Јанис Сферопулос.
Инаку не треба да се трошат зборови кој е Саша Обрадовиќ. Некогашен прославен кошаркар и репрезентативец, а како тренер имаше големи успеси со Монако.
Инаку тој се враќа во својата Ц. Звезда, во минатото веќе беше тренер на “црвено – белите“.