ТФТ го “реши“ Работнички во скопската пресметка!(ФОТО)

57

Попладнево во СРЦ “Кале“ во меч од 2.коло, во скопската пресметка, составот на ТФТ успеа со 83:63 да го победи Работнички.

Ова беше втора победа за тимот од Тафталиџе на стартот од новата сезона во нашата елитна кошаркарска лига, и втор пораз за некогашниот гигант во мак-кошарката.

Домашните, кои важеа пред мечот за фаворити, и тоа како подобро го отворија овој натпревар, беа подобри и во нападот и во одбраната од својот противник, па така на крајот од првата четвртина резултатот беше 24:13. Сепак тимот од Градски парк врати во вториот период кој го доби со +5 разлика.

Во продолжение од мечот на моменти се водеше голема битка, гостите се обида уште повеќе резултатски да се приближат, но кога беше најпотребно, во таа последна четвртина тимот на ТФТ одигра далеку подобро и на крајот сосема заслужено славеше на овој меч и тоа со убедлива победа.

Најефикасен во победничкиот тим беше Гордон со 22 поени, додека кај поразениот тим Ефремовски запиша 25 поени.

No description available.

 

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноРуни тврди дека „златната генерација“ е жртва на клупскиот ривалитет
СледноУ-17:Македонија со пораз од Чешка!