УЕФА ќе прави промени: Квалификациите за ЕП и СП во иднина со единствена табела како во Лигата на шампионите?

112

УЕФА во иднина може да го промени форматот на квалификациите за Светското и Европското првенство.

Комитетот на националните тимови на УЕФА формираше работна група која ќе разгледа опции за промена на форматот на квалификациските турнири за Светското првенство и Европското првенство, објави „Тајмс“.

Оваа група ќе разгледа неколку различни системи. Поточно, ќе одлучи дали да ја користи Лигата на нации како квалификациски турнир или како втора опција е воведувањето на швајцарскиот модел со единствена табела во лигата. Овој формат од минатата сезона почна да се користи во европските натпреварувањ, вклучително и Лигата на шампионите.

Овие планови беа објавени на состанокот на генералните секретари на 55 европски федерации, што се одржа во Малага пред две недели.

„Приходите од емитување и ангажманот на навивачите за време на квалификациите за националните тимови се намалуваат, но растат во Лигата на нации. Ова прашање е разгледувано и претходно, но многу е тешко да се најде вистинската формула што нема да создаде проблеми за големите тимови и ќе биде конкурентна, а сепак ќе обезбеди можности за помалите тимови“, вели извор запознаен со ситуацијата.

ПретходноНорвешка незапирливо ита кон Мундијалот, Унгарија со важна победа (ВИДЕО)
СледноГест за почит: Алкалоид му го врачи европскиот медал на Трајкоски