Чаби Алонсо може да здивне: Повредата на Мбапе не е сериозна!

29
ФОТО: Équipe de France de Football/fb

Се чини дека сите во Реал Мадрид, а посебно стратегот Чаби Алонсо можат да здивнат. Имено последните информации говорат дека повредата на Килијан Мбапе и не до толку сериозна.

Да потсетиме дека вчера, мега -ѕвездата на Реал Мадрид играјќи за Франција се повреди во финишот на мечот со Азербејџан, па мораше да биде заменет.

Тој се пожали на болка во зглобот. Дополнителните лекарски прегледи покажале дека повредата не е нешто за што треба дополнителна загриженост.

Секако дека ова е убава вест за “кралевите“.

ПретходноПријателски: Струга ТЛ и Башкими со победи во Албанија и Косово!
СледноВМФЛ: Шкендија Арачиново славеше под Шара, без голови во Гевгелија