Албанија ја шокираше Србија во Лесковац, Турција ја „размонтира“ Бугарија во Софија (ВИДЕО)

395

Албанија оствари голема победа на гостувањето во Лесковац против Србија од 1:0 и со тоа отиде чекор поблиску до второто место во групата кое може да ги одбнесе во баражите за Светското првенство. Очајната Србија денеска не заслужи ни бод, откако одигра уште еден подпросечен натпревар далеку од оние кои можат да ги однесат во групата на најуспешните европски селекции кои ќе патуваат на Мундијалот. моментот на одлука беше судиското продолжение од првиот дел кога Манај со еден прецзен удар ја донесе Албанија во водство и со тоа донесе големи три бода за својата репрезентација.

Важна победа вечерва и за Турција која ја прегази Бугарија во Софија со неверојатни 1:6. Бугарија имаше 1:1 на полувреме, но во вториот дел нашиот источен сосед се распадна, а Туците им ја наполнија мрежата до врв.

Италија оствари очекувана победа во Талин над Естонија со 1:3. Кин, Ретеги и Еспозито стрелаа прецизно за „аѕурите“ кои и натаму се надеваат на место кое води на СП.

Португалија со многу среќа ја победи Р. Ирска со 1:0. На одлучувачкиот гол кој го постигна Невеш во 91. минута му претходеше промашен пенал од Кристијано Роналдо, кој гостинскиот голман Келехер успеа да го одбрани.

Шпанците без поголеми проблеми со 2:0 ја добија Грузија. Стрелци на головите беа Јереми Пино и Ојарзабал.

ПретходноРаботнички, Наковски Волеј и Вардар ЕМ славеа на стартот на сезоната
СледноАл Ахли му понудил 300 милиони фунти на Реал за Винисиус?