Балканска “војна“ во Лесковац: Ќе биде ли Пикси херојот на Србија?!

247
ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB

Вечерва (20:45 Ч), сите погледи на фановите на фудбалот од овие простори, ќе бидат свртени кон Лесковац, каде силите ќе ги одмерат во меч од квалификациите за СП 2026, селекциите на Србија и Албанија.

И секогаш е „жешко“ кога меѓусебе се среќаваат две репрезентации од Балканот, а посебно кога играат ови две селекции.

Така било порано, така ќе биде и сега.

Ова е меч до групата – К, каде е и Англија која е неприкосновена и која би требало да биде на крајот прва.

Засега Албанците се втори во групата со 8 бодови пред Србите кои имаат бод помалку, но и меч помалку.

Па така ако вечерва слави Србија ќе биде и тоа како во супер позиција за тоа второ место.

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси, вчера на пресот во негов манир истакна дека ако победи неговата селекција тој ќе биде херојот на нацијата.

Од друга страна од таборот на Албанија се истакнуваше дека тие знаат што го чека во Лесковац, но и дека се оптимисти во поглед на резултатот.

ПретходноРакометарите на Тиквеш постигнаа три гола во едно полувреме
СледноОд авион на тренинг: Почнува „мисијата“ Казахстан, осуммина мора да внимаваат на картоните