Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во големото финале на Мастерсот во Шангај. Најдобриот тенисер на сите времиња, во полуфиналето беше елиминиран од тоталниот анонимус, тенисер кој е 204 на АТП листата, а неговото име е Валентин Вашеро од Монако.
Крајниот исход е 2:0 во сетови за Вашеро или 6:3 и 6:4.
Јасно беше дека Србинот си има големи проблеми со повредите. Во неколку наврати во текот на мечот Новак добиваше и лекарска помош, но на крајот сепак не успеа да победи на овој меч, а тоа значи дека нема да го види финалето во Шангај.