Три максимални победи во првиот ден од натпреварите во новата одбојкарска сезона кај дамите. Во дененешните натпревари од 1. коло во новата сезона од Првата лига, екипата на Работнички на домашен терен со максимални 3:0 го совлада тимот на Струмица. Иако во променет состав, скопскиот тим успеа да дојде до очекуваниот триумф.
Вториот македонски претставник во европските купови, Наковски Волеј, исто така ја отвори сезоната со домашен триумф. Струмичкиот состав славеше против новајлијата во елитата, екипата на Газели волеј со 3:0. На овој меч особено интересен беше воведниот сет во кој дури на разлика, Наковски Волеј со 28:26 успеа да дојде до водство. Потоа со 25:17 и 25:20 домашните го решија прашањето околу победникот.
Гостинска победа извојува екипата на Вардар ЕМ исто така против новајлијата Ускана. На гостувањтео во Кичево „вардарки“ славеа со 0:3.