По ремито со Унгарија во 1.коло од квалификацискиот турнир за ЕП, кој се игра во Струмица и Турново, нашата У-17 селекција денеска беше поразена од големиот фаворит, селекцијата на Чешка со 0:2.
Гостите поведоа со голот на Марек во 31.минута, додека Сивок во самиот финиш на мечот, во таа 87.минута ги постави конечните 0:2 за младата селекцијата на Чешка.
На вториот меч во групата, селекцијата на Унгарија со 8:0 го победи Гибралтар.
Па така по 2.коло, нашите надежи за на третото место на табелата со само еден бод. Во последното коло ние играме со Гибралтар а Чешка се среќава со Унгарија.