Беласица потврди, Стојанов повеќе не е тренер

74

Екипата на Беласица од Струмица, предмалку официјално потврди дека досегашниот тренер, Александар Стојанов, си заминува од функцијата.

По вчерашниот пораз од Осогово во Кочани, ФК Беласица се реши на промени, а истите ги потврдија и клубот, а и самиот тренер.

Беласица има прволигашки амбиции, а на стартот на ВМФЛ сезоната, тимот направи неколку кикс резултати.

„Беласица и Стојанов спогодбено се разделија .Александар Стојанов од денес не е повеќе шеф на стручниот штаб на нашиот тим. Клубот му се заблагодарува на Стојанов на соработката, и му посакува многу успеси во понатамошната кариера“ – стои во соопштението на клубот.

ПретходноМакедонија У19 со екстра триумф над Црна Гора од 2:4 (ВИДЕО)
СледноТухел до своите репрезентативци: Местото во репрезентацијата на никого не му е гарантирано