Веселин Вујовиќ удри по Пикси како никој друг до сега

1284

Легендарниот Веселин Вујовиќ одамна е познат по тоа дека нема влакна на јазик. Тој повторно го кажа она што многумина го мислат, но ретко кој има храброст да го изговори. Неговата изјава за Драган Стојковиќ – Пикси одекна како бомба, и тоа не само во спортските кругови.

Според Вујовиќ, Стојковиќ и неговите соработници не само што го контролираат градот и стадионот, туку и публиката, тонот, па дури и реакциите на народот.

„Великомаченикот Стојковиќ изјави дека е одговорен човек и дека на водечките луѓе во сојузот им понудил оставка. На кои луѓе? На оние што пред него треба да поднесат оставка, на оние што ни не го поставија.

Оставка не се нуди, туку се дава. Но ти ни за тоа немаш храброст, мачениче.

Успеа невозможно – да излезеш од легенда, и тоа на каков начин. Го контролирате градот, стадионот, гледачите. Ја водите репрезентацијата да игра во Лесковац, на таков терен, затоа што никаде на друго место не смее да се појавите.

Го намалувате тонот за да не се слуша што народот скандира, а токму тој народ што сте го довеле и платиле го изразува мислењето и незадоволството на цела Србија“, се зборовите на Вујовиќ. 

ПретходноПикси понуди оставка, Србија веќе ја одбра неговата замена
СледноСрбите ќе бидат остро казнети за нивното скандирање откако Манај им покажа двоглав орел