Српската репрезентација пред себе го има ментално најтешкиот натпревар, натпреварот по најголемиот неуспех, поразот од Албанија од 1-0. Сега игра против Андора на гости каде Драган Стојковиќ Пикси нема да патува, тој веќе е поранешен тренер, а вчера изјави дека тимот ќе го предводи Горан Ѓоровиќ.
Сепак, како што објави „Моцартспорт“, селектор на Србија на тој натпревар против Андора ќе биде – Зоран Мирковиќ, уште еден од истата генерација југословенски репрезентативци од крајот на деведесеттите и почетокот на 2000-тите.
Селекторот на младинската репрезентација ќе ја преземе командата со сениорскиот тим додека не се најде решение за ноемвриските натпревари во квалификациите.
Додека се чека потврда за новиот селектор, во Србија владее хаос, бидејќи има ново име на списокот на играчи, а се уште нема ништо официјално за тренерското име. Нов голман ќе се приклучи на тимот, Лука Лијескиќ.