Димитриевски: Очекувам позитивен резултат, а за нас тоа значи победа

141

Македонскиот национален фудбалски состав, утре со почеток од 20:45 часот на Арената Тодор Проески ќе се сретне со Казахстан во рамките од новото, за нас седмо коло од Мундијалските квалификации.

Еден од нашите капитени, Столе Димитриевски во овој дуел влегува по еден од најдобрите мечеви во репрезентативниот дрес, оној против Белгија во Гент, каде одигравме 0:0 и го освоивме дванаесеттиот бод во оваа кампања. Тој е убеден дека можеме да продолжиме со позитивната серија, со непобедливата низа, со помош пред се на полниот стадион кој што се најавува, како и беспоштедната битка на терен која што ја ветува.

„Важен меч. Очекувам полн стадион. За да ни даде поддршка. Целта е победа, ништо помалку ништо повеќе. На секој меч јас очекувам и напад и одбрана. Тоа е суштината на фудбалот. Сепак, Белгија е далеку поквалитетен состав од Казахстан. Во Астана, КАзахстан не нападна. Имаат квалитет. Но сега играме на домашен терен и очекувам да нападнеме, очекувам позитивен резултат, а тоа е победа според мене“ – рече Димитриевски на официјалната прес конференција пред утрешниот меч.

 

ПретходноМилевски: Казахстан е најважното нешто за нас во моментов
СледноПовредата го става под знак прашалник: Муслиу го гледаше тренингот од клупата за резерви