Македонската репрезентација до 19. години на чело со селекторот Еркан Селими предмалку на вториот пријателски дуел против соодвената селекција на Црна Гора на гостински терен, успеа да слави со одлични 2:4.
Во дуел во кој имавме далеку повеќе од играта, Македонија постигна четири гола, доминираше и заслужено се радуваше на овој екстра триумф.
Серијата погодоци за нас ја отвори играчот на Вардар, Емир Шаботиќ во првото полувреме, а откако домаќинот израмни, од пенал повторно ни донесе водство, членот на Црвена Звезда, Горазд Ристовски. Ново водство, откако Црна Гора израмни на 2:2, ни донесе Адмир Љатифи, на катастрофалната грешка на домашниот голман, а истиот играч со прекрасен соло продор и удар го постави конечниот резултат.
Да споменеме дека првиот дуел заврши без голови 0:0.
youtube.com/watch?feature=shared&v=I4itrpDNou8