Денешниот пријателски дуел помеѓу Пелистер и тимот на Динамо Букурешт, кој што ќе биде одигран по повод 80 години постоење на ФК Пелистер, со почеток од 16:00 ч. ќе се емитува на МРТ3, како и на романскиот клупски ТВ канал на Динамо Букурешт 48TV.
Се е подготвено во Битола за спекраклот кој што се очекува извесен период, и за кој што се ангажираше целиот град. Од градските власти, преку управата ан ФК Пелистер, па се до навивачите кои што најавуваат спектакл.