Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски на вечерашната прес-конференција пред дуелот со казахстан утревечер на Националната арена во Скопје, спомена дека повредата на Муслиу загрижува, но медицинскиот тим ќе се обиде да направе се што е во нивна моќ да го оспособи за утрешниоот меч.
Сепак, вечерва на официјалниот тренинг на нашата репрезентација Муслиу остана на клупата и прашање е дали воопшто има шанси утре да се појави во првиот тим на нашата селекција. Милевски ќе почека до последните медицински тестови утре, пред да ја донесе конечната одлука.