Бајсуфинов: Знаеме што значи овој меч за Македонија, но и ние имаме наши математики

134

Во очекување на утрешниот натпревар од квалификациите за СП 2026, вечерва пред последниот официјален тренинг на репрезентацијата на Казахстан, пред новинарите се појави и селекторот на гостинската репрезентација Талгат Бајсуфинов.

„Ќе се бориме со сета сила да собреме што е можно повеќе бодово како од утре, така и од последното коло. Не се работи само за овие квалификации, туку и за рејтингот на селекцијата. Да, свесни сме за силата на Македонија и за тоа колку и значи утрешниот меч, но ние ќе направиме се за да дојдеме до позитивен резултат. Конечно реализацијата ни тргна против Лихтенштајн и на наша и радост на навивачите. Н апрвиот меч оваа селекција во Астана промашувала, но сега реализацијата ја кренавме едно ниво погоре. Ќе дадеме максимум од нас. И ние имаме свои математики“, рече селекторот на гостите.

Претходно„Журнал“ дознава: Тренерот на Ц. Звезда ќе биде нов селектор на Србија
СледноГРК Охрид стави убедлив печат на пласмнот во 3. коло во ЕХФ Европскиот Куп