Екипата на Беласица од Струмица, предмалку официјално потврди дека досегашниот тренер, Александар Стојанов, си заминува од функцијата.
По вчерашниот пораз од Осогово во Кочани, ФК Беласица се реши на промени, а истите ги потврдија и клубот, а и самиот тренер.
Беласица има прволигашки амбиции, а на стартот на ВМФЛ сезоната, тимот направи неколку кикс резултати.
„Беласица и Стојанов спогодбено се разделија .Александар Стојанов од денес не е повеќе шеф на стручниот штаб на нашиот тим. Клубот му се заблагодарува на Стојанов на соработката, и му посакува многу успеси во понатамошната кариера“ – стои во соопштението на клубот.