Данев: Победата против Ерменија ни дава „ветар во грб“

29

Македонската репрезентација до 21. година е во ек на подготовките за новиот квалификациски предизвик, наречен гостински дуел против Црна Гора. По стартните два орази од Полска, односно Италија, Македонија во Битола, ја победи Ерменија со 2:1, и си заработи првите бодови во оваа кампања.

Тоа секако дека е добар знак со оглед на лошиот старт на квалификациите, но ништо не е загубено, има уште многу бодови на располагање кои треба да се освојат.

„Триумфот против Ерменија пред домашната публика ни даде „ветар во грб“ што се вели. Победата е во вистински момент, на најдобар начин пред наша публика. Атмосферата сега ни е на највисоко ниво. Сепак, нема потреба ниту има некаква еуфорија во нашиот табор, туку сосема спротивно. Концентрирано и одговорно одиме во Црна Гора да одиграме уште еден дуел, и да заработиме нови бодови. Што се однесува до противникот, се работи за добар состав, кој како и секој друг ривал има позитивно но и негативни страни. Наше е да ги поправиме техничките грешки во нашата игра, да го подигнеме нивото на уште едно скалило и нормално да ги освоиме бодовите кои ќе ни дадат уште поголем стимул и подобра позиција во овие квалификации“ – изјави Димитар Данев.

 

ПретходноТоми Јагуриновски на трибините во Охрид
СледноПелистер – Динамо Букурешт со пренос на МРТ 3