И Косово ќе бара остри казни за Србија: Фудбалските терени не се место за омраза

104

Фудбалската репрезентација на Србија беше поразена од Албанија со резултат 1:0 на стадионот „Дубочица“ во Лесковац, во натпревар од квалификациската група К за Светското првенство 2026 година. Веднаш по болниот пораз, од Приштина пристигна остро соопштение.

Од Фудбалскиот сојуз на Косово им честитаат на Албанците за големиот триумф и најостро го осудуваат однесувањето на српските навивачи на трибините во Лесковац.

Во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Косово, кое го пренесуваме во целост, стои:

„Фудбалскиот сојуз на Косово најостро ги осудува извици против Косово и провокативните пораки прикажани на трибините на стадионот во Лесковац, каде за време на натпреварот меѓу Србија и Албанија беше истакнато српското знаме преку мапата на Косово.

За жал, овие сцени не се нови на српските стадиони, каде поттикнувањето омраза и навредливите пораки кон соседните држави и понатаму се повторуваат без соодветни санкции.

ФФК смета дека таквото однесување не е во согласност со спортскиот дух, со принципите на почитување и вредностите кои ги претставуваат УЕФА и ФИФА.

Во тој контекст, ФФК ќе поднесе протестна нота до УЕФА, со барање да се преземат јасни и строги мерки против Фудбалскиот сојуз на Србија поради овие повторени постапки што го нарушуваат имиџот на фудбалот и ги поткопуваат принципите на УЕФА и ФИФА.

Истовремено, Фудбалскиот сојуз на Косово ѝ честита на репрезентацијата на Албанија за заслужената победа од 1:0 над Србија – победа што го одразува карактерот, посветеноста и силата на албанскиот фудбал.

Фудбалскиот сојуз на Косово ќе продолжи достоинствено да ги брани вредностите на спортот, почитувањето и еднаквоста меѓу народите, барајќи секое фудбалските терени во Европа да биде место на игра, а не на омраза.“


ПретходноМеси не застанува, со два нови гола го продолжи сонот на Интер Мајами (ВИДЕО)
СледноФИФА сака да и забрани на Барселона да игра меч во САД