Меси постигна два гола, а Интер Мајами сè уште сонува за второто место на Истокот
Интер Мајами забележа исклучително вреден успех со убедлива победа од 4-0 над Атланта Јунајтед во претпоследниот натпревар од регуларната сезона во Источната конференција на Главната лига на фудбал во САД и Канада.
Благодарение на успехот, Интер Мајами се израмни на второто место со Синсинати и сè уште има шанса да го освои трофејот во регуларната сезона, што ќе им даде поудобен противник во плејофот. Минатата година, ѕвездениот проект на Дејвид Бекам се сопна на првиот чекор во директните елиминации.
Хавиер Маскерано повторно ги донесе во игра своите големи ѕвезди, како што се Лионел Меси, Луис Суарез, Жорди Алба, Серхио Бускетс, како и неговиот најдобар стрелец Тадео Аљенде.
Во листата на стрелци се запишаа Меси, кој стрелаше во 39′ и 87′ минута, Алба во 52′ и Суарез во 61′.