Милевски: Казахстан е најважното нешто за нас во моментов

62

Македонската репрезентација утре со почеток од 20:25 часот на Арената Тодор Проески во Скопје, ќе го одигра седмиот дуел од актуелната Мундијалска кампања против соодветната селекција на Казахстан.

По одличното реми без голови за нас во Гент против Белгија, сега на ред е дуел во кој реално сме фаворити но истиот мора и тоа како да го дочекаме сконцентрирано, одговорно и професионално. Од секој аспект. Првото место во групата и дванаесетте бода, кои во моментов ги имаме на контото се обврска која мора да ја оправдаме, што и да се случи во последните две кола. Наше е да одиграме на нивото кое што го држиме досега, па ако тоа донесе историски пласман на Мундјалот 2026 година во САД, Канада и Мексико, е своевидна награда.

„Малку ќе се повторуваме во одговорите, но и во прашањата. Даква е ситуацијата. Секој меч е важен, секој следен е најважен. Значи, Казахстан ни е најважен. Се согласувам дека ќе е тешко. Покажа дека Казахстан и во Астана дека има квалитет. Има нов селектор нашиот противник. Тоа ќе ни претставува предизвик, потешкотија, но мислам дека сме подготвени на се“ – изјави селекторот Милевски, а на прашањето околу Муслиу тој рече.

„Мислам дека медицинскиот тим, направија се што е во нивна моќ за да се оспособат и рекуперираат играчите. Што е можно подобро. Што се однесува до Муслиу, ќе видиме дали ќе може. Сигурен сум дека момците како и секогаш до сега, ќе остават на страна и максимално фокусирани ќе влезат во овој меч. И Димитриевски и останатите ќе одморат…ама во вторник по мечот. Сите се подготвени да дадат се од себе, за позитивен резултат“ – изјави селекторот па поентираше.

„Ниту на момент не помислувам на дуелот помеѓу Белгија и Велс. Се што размислуваме е нашиот дуел и тоа што ќе се случува на него“ – рече нашиот селектор.

ПретходноФудбалски „гениј“: Го искрши Ферарито, едвај преживеа, а сега го продава за делови
СледноДимитриевски: Очекувам позитивен резултат, а за нас тоа значи победа