Нашиот универзалец „не застана“ против Белгија: Костадинов со истрчани 11.842 метри

174

Македонската репрезентација освои злато вреден бод во Гент против Белгија. Можеби не најубавиот меч за нас кога станува збор за фудбалското „око“ но и тоа како вредеше, она што се браневме во текот на сите деведесет минути. Едноставно Белгија е пресилна за да можеш да парираш, но можеш да „изгинеш“ на терен и тоа да ти донесе бод кој можеби ќе биде пресуден за нас во битката за остварување на сонот, пласман на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.

Статистички можеби Македонија еднаш или два пати се закани кон противничкиот гол, но кога станува збор за претрчаните километри на овој меч, е тука го имаме „златниот медал“.

Тој оди на градите на нашиот универзалец, Тихомир Костадинов кој што на овој меч „покри“ вкупни 11.842 метра.

По него, Енис Барди, нашиот капитен кој што стигна до 11.209 метри…и обајцата ги одиграа сите деведесет минути во Гент. А веќе утре ги очекува нова битка. На домашен терен против Казахстан, на Арената Тодор Проески од 20:45 часот.

ПретходноТајсон Картер заврши во болница
СледноФудбалски „гениј“: Го искрши Ферарито, едвај преживеа, а сега го продава за делови