Пикси понуди оставка, Србија веќе ја одбра неговата замена

200
ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB

Србија беше поразена од Албанија со 1:0 во квалификацискиот натпревар од Групата К за Светското првенство во 2026 година. Поразот ги намали шансите на Србија за пласман на Светското првенство, а селекторот Драган Стојковиќ очигледно го имаше последниот меч на клупата на репрезентацијата.

Веднаш по натпреварот на „Дубочица“, Пикси разговарал со челниците на Фудбалскиот сојуз на Србија, и им ја понудил својата оставка. На прес-конференцијата објавил дека нема да патува во Андора со тимот за следниот квалификациски натпревар, со што стави крај на својот престој на селекторското место.

Како што дознава „Арена Спорт“, поранешниот тренер на Реал Овиедо, Вељко Пауновиќ ќе го наследи Стојковиќ на функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Србија!

ПретходноАл Ахли му понудил 300 милиони фунти на Реал за Винисиус?