Пикси ти благодариме, Србија и официјално доби нов селектор!

203
ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB

Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) издаде соопштение во кое потврдува дека Драган Стојковиќ повеќе нема да биде селектор на репрезентацијата. Стојковиќ по поразот од Албанија (0:1) изјави дека поднел оставка, а ФСС сега вели дека тимот ќе го преземе тренерот на младинската репрезентација Зоран Мирковиќ.

„По поразот на нашата репрезентација од Албанија во Лесковац, селекторот Драган Стојковиќ понуди оставка од својата позиција и нема да патува со тимот на квалификацискиот натпревар за Светското првенство против Андора.

Водењето на А репрезентацијата на Србија во следниот квалификациски натпревар ќе го преземе стратегот на нашата млада селекција, Зоран Мирковиќ, кој веќе се приклучи на репрезентацијата во Ниш во недела наутро, заедно со членовите на тренерскиот штаб Страхиња Пандуровиќ, Лазар Томиќ, Александар Кировски, Дејан Одавиќ и Богдан Милиќевиќ.

Во оваа пригода, Фудбалскиот сојуз на Србија изразува благодарност до Драган Стојковиќ за сè што направи во изминатите четири и пол години на чело на репрезентацијата, пред сè за пласманот на „Светските и Европските првенства“, како и за освојување на првото место во Б-дивизијата на Лигата на нации и задржување на статусот во елитните редови на европскиот фудбал“, се вели во соопштението.

ПретходноАлбанскиот селектор направи лудница во соблекувалната (ВИДЕО)
Следно„Бебињата“ на Сер Боби – special edition!