Романците во „фото-финиш“ ја победија Австрија, Данска ја „преслуша“ Грција

37

Данска, Хрватска и Полска без поголеми проблеми дојдоа до планираните победи во вечерашните квалификациски дуели за пласман на светското првенство. За разлика од нив, селекцијата на Романија со гол во последната минута од судиското продолжение дојде до голема победа над Австрија и ги задржа шансите во трката за место кое може да ги однесе на Мундијалот.

Романците се обидуваа 90 минути да најдат начин како да го отворат резултатот, но Гита во последните секунди успеа да го совлада гостинскиот голман и да ја обезбеди третата победа за својата репрезентација во квалификациската група „Х“. Со овој триумф Романците остануваат трети, но со три бода зад БиХ и пет зад лидерот Австрија на две кола до крајот на квалификациите.

Данска лесно ја „преслуша“ Грција со 3:1. Третата побед аво групата ја обезбедија Хојлунд, Андресен и Дамсгард, додека единствениот гол за Грците го постигна Цолис. Данска и Шкотска со по 10 бода го делат првото место во групата, а Грција со три нема шанси да се вклучи во битка за СП.

Полска славеше со 0:2 на гости кај Литванија со головите на Шимански и на Левандовски. Полјаците сега се најдоа на второто место на табелата со 3 бода повеќе од Финска. Лидер во оваа група е Холандија со 16 бода.

Хрватска успеа на крајот и убедливо да ја победи селекцијата на Гибралтар со 3:0. „Коцкестите“ со оваа победа и избегаа на Чешка за три бода и сигурно чекорат кон Мундијалот.

ПретходноФутсал репрезентацијата со два контролни натпревари против Црна Гора во Игало
СледноЛеклер: Нормално е да сме разочарани, Ферари не е тим кој брка второ или трето место