Македонскиот репрезентативец, Томислав Јагуриновски имаше кратка авантура во Германија. Тој од Вардар замина во тимот на Десау-Рослауер, кој се натпреварува во Втората Бундес-лига, но клубот не ги исполни неговите очекувања.
Јагуриновски веќе е во Македонија, поточно во Охрид, неговата нова дестинација. Тимот од езерскиот град веќе ги договори сите услови со него, а тој вчера со своето присуство на трибините во СЦ „Билјанини Извори“ потврди дека ќе го облече дресот на ГРК Охрид.
Охриѓани денеска (18 часот) го играат реваншот со Баки, со оглед на убедливата победа на првиот меч од 44-11 веќе се пласирани во третото коло во ЕХФ Европскиот Куп.