Реперезентацијата на Чешка доживеа голем шок на гостувањето кај Фарските Острови на денешниот меч од квалификациите за СП 2026. Фараните славеа со 2:1 и и дојдоа на Чешка зад грб на табелата во групата „Л“ каде Лидер е Хрватска со 13 бода и два меча помалку од Чешка која има исто толку бодови. Фарските Острови со денешниот триумф се на третото место со 12 бода и реални шанси да го нападнат второто место кое води во баражот.
Фараните поведоа со голот на Соренсен во 67. минута, гол надеж за гостите постигна Карадец во 78. минута, но многу брзо само три минути подоцна Агнарсон повторно постигна гол за домашните за конечни 2:1.
Холандија без поголеми проблеми ја совлада Финска со 4:0. Мален, Ван Дајк, Депај (пенал) и Гакпо беа стрелци за новата победа на „лалињата“.
Шкотска добро се испоти против Белорусија, но на крајот славеше со 2:1. Головите за победа на домашните ги постигнаа Адамс и МекТомонај.