Македонската футсал А репрезентација ќе одигра два пријателски натпревара против селекцијата на Црна Гора, во рамки на подготовките за претстојните предквалификациски натпревари за СП. Двата дуела ќе се одиграат во Спортскиот центар Игало, на 15 и 16 октомври 2025 година.
Првиот натпревар е закажан за 15 октомври (вторник) со почеток во 18:00 часот, додека вториот контролен меч ќе се одигра еден ден подоцна, на 16 октомври (среда) со почеток во 17:00 часот.
Селекторот Газмен Исеини за овие натпревари се одлучи за следниот список на фудбалери:
Антонио Петровски (КМФ Проект), Иван Стојановски (КМФ Кеги), Таулант Исмаили (Форца), Иван Крстевски (Форца), Марио Благоевски (Проект), Берат Рамадани (Форца), Димитар Јанев (Проект), Стефан Димовски (КМФ Кеги Моби), Никола Анчевски (Проект), Бојан Јанев (Проект), Јакуп Рамадани (Дреница, Косово), Еркан Сефери (Форца), Армандо Алијевиќ (Јувентус Серава);
Двата натпревара ќе бидат одлична можност за проверка на формата и воигрување на репрезентацијата пред новите натпреварувачки предизвици.