Шампионот во вториот дел го „скрши“ Феникс 2010

27
фото: KK MZT Skopje Aerodrom (FB)

Со фуриозна игра во вториот дел, актуелниот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром не дозволи изненадување во последниот натпревар од 2. коло во домашното првенство. Иако екипата на Феникс 2010 успеа добро да ги препоти домашните кошаркари со одличниот старт и играта во воведните 20 минути, шампионскиот состав на Васко Атанасов ги корегираше грешките уште од стартот на второто полувреме и на крајот славеше со 91-75.

МЗТ Скопје А. имаше слабости во играта и на првиот меч со Маџари, но на крајот дојде до победа. И денеска на дуелот со Феникс 2010 гостите се обидоа да изненадат, но „штрковите“ не дозволија сензација.

Американците Смит и МекКаден заедно постигнаа 40 поени (25+15), додека Војдан Стојановски ја заврши средбата со 11 поени. Суданецот Рахама беше предводник на Феникс 2010 со 21 поен, додека Виктор Златевски уфрли уште 15 поени за гостите.

ПретходноКлоп: Престанете да се грижите за Вирц, тој е талент кој се појавува еднаш во еден век!
СледноСелекторска поддршка: Спалети ја фали тактиката на Гатузо