Иако се работи за петта финска лига, сепак, мора да се одбележи фактот дека во оваа инаку сериозни безбедна земја во која многу ретко се случуваат криминални дејствија ете, може да се случи да има апсење, и тоа поради местење на фудбалски натпревар.
На дуелот помеѓу екипите на Финкурд и Еспа/Ренат кој заврши со резултат 8:1, по последниот свиреж на судијата дошло до апсење односно влез на дваесетина полицајци во цивилка. Веднаш се упатиле кон бразилскиот интернационалец Џонатан Гереро кој има 34. години во моментов и кој постигнал седум од осумте гола за својот тим.
На целокупниот домашен тим му било наредено да остане на терен и да се идентификува, а на гостите им е речено да го напуштат истиот. Поголемиот дел од головите биле постигнати во вториот дел, затоа што на полувреме резултатот бил 2:0.
Гереро бил задржан во полиција, и притворен, а му биле одземени, телефонот и пасошот.
Finnkurd i EsPa/Renat (8:1