„Журнал“ дознава: Тренерот на Ц. Звезда ќе биде нов селектор на Србија

285

Дневниот спортски весник во Србија, „Спортски Журнал“ вечерва објави ексклузивна информација дека Владан Милојевиќ, актуелниот тренер на Црвена звезда од Белград, ќе биде назначен за нов селектор на репрезентацијата на Србија.

Според „Журнал“, одлуката ќе биде донесена на следната седница на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија закажана за 17 октомври. Паралелно, до зимската пауза и истекот на договорот со „црвено-белите“, Милојевиќ ќе ја предводи и Црвена звезда во Суперлигата и Лигата на Европа.

Дебито на клупата на репрезентацијата на Србија, Милојевиќ треба да го има на „Вембли“ во Лондон на 13 ноември. Три дена подоцна, во недела на 16-ти, тој ќе ја предводи Србија во последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026 година, против Летонија во Лесковац.

ПретходноВечерва одржан официјалниот тренинг: Само Казахстан и победа се во мислите (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноБајсуфинов: Знаеме што значи овој меч за Македонија, но и ние имаме наши математики