Кошаркарот на Црвена Звезда, американецот Тарјсон Картер завршил во болница, поради респираторни проблеми. Дополнителните прегледи ќе детектираат за што точно станува збор, па јавноста потоа ќе има и повеќе детали околу неговата состојба.
„КК Црвена Звезда ја информира јавноста дека првотимецот Тајсон Картер е хоспитализиран во Белград поради респираторни проблеми. Во тек е детален преглед и испитувања, а што ќе се случува понатаму зависи од резултатите од истите. Клубот ќе ја информира јавноста кога ќе дознае повеќе детали. Во следните неколку дена“ – стои во соопштението на клубот.