Сега веќе екс играчот на Вест Хем, Микаел Антонио повторно е во фокусот на јавноста. Откако едвај преживеа сообраќајна несреќа со тешки последици, во која имаше скршеници по телото, и во која беше заробен во олупината наречена негов автомобил, сега на ред дојде тој исти автомобил да се продава.
Антонио според информациите во Англија, откако се опорави од повредите, реши нешто и да поврати од вложените 260.000 евра вредно Ферари Лусо, кое што по несреќата ама навистина не е употребливо. Дали може повторно да се доведе во возна состојба веројатно знае само некој врвен механичар, а што се однесува до Антонио, следниот пат да внимава што прави со возилото.
Самиот Антонио сè уште се опоравува и сега вози семеен комби, признавајќи дека е благодарен за втората шанса за живот што ја добил.
„Отсекогаш сум бил љубител на спортски автомобили и стари класици“, вели 34-годишникот, кој претходно го удри својот Ламборџини Хуракан во корпа за ѓубре облечен како снешко на Божиќ во 2019 година.
„Но, спортските автомобили не ми се пријатели. Сега имам семеен комби и се држам настрана од нив“, додава Антонио, кој моментално е слободен агент.