Билетите се при крај: Македонија вечер пред полни трибини против Казахстан

288

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го игра претпоследниот дуел од тековната Мундијалска кампања против репрезентација на Казахстан.

По одличното реми во Гент против Белгија, сега избраниците на Благоја Милевски ќе се соочат со тврд и тежок противник, со кого мораме да одиграме на максимално ниво и да ја израдуваме публиката.

А таа вечерва на Арената Тодор Проески од 20:45 часот ќе биде во максимален број. Спортспорт дознава дека до сега е продаден 85% од капацитетот на Арената што значи дека досега се продадени околу 23.000 билети.

Згора на тоа ако се знае дека билетарата на Арената е веќе отворена од утринава и така ќе биде до самиот старт на мечот, значи дека Казахстан го пречекуваме пред полни трибини.

 

ПретходноФФМ со информација за вечерашниот дуел: Вратите отворени од 18:45, препорака да се дојде пеш
СледноДе ла Фуенте со 2 милиони евра е европски првак, а Пикси со 1,5 милиони ја бламираше својата земја!