Битолчани веројатно срушија рекорд: Билетите за Е.Пелистер – Барселона распродадени за осум минути

110

Како што објавија од ракоментиот клуб Е.Пелистер, билетите за претстојниот нивен дуел од Лигата на Шампионите против тимот на Барселона на домашен терен, се продадени за осум минути!!!

Неверојатно но очигледно и вистинито. Ракометната треска во Битола, ќе го доживее својот зенит, на дуелот против Каталонците кои е закажан на 15 октомври.

Пелистер од четири дуели има два освоени бодови, а Барселона во моментов е трета на табелата  со шест бода од исто толку натпревари.

Претходно(13.10.1993 – 13.10.2025)Македонија вечерва го игра својот 300.меч: Јубилејот нека биде со победа!
СледноПочина поранешниот селектор Илија Темелковски