Гана се врати на Мундијалот

45

Репрезентацијата на Гана е следниот национален тим кој што обезбеди пласман на следниот Мундијал, во САД, Канада и Мексико кој што ќе се одржи во 2026 година.

По триумфот на домашен терен од 1:0 над репрезентацијата на Комори, Гана го обезбеди петтото учевство во шест Мундијали од 2006 наваму.

Единствениот гол за победата го постигна Мохамед Кудус во 47. минута и со тоа „Црните ѕвезди“ собраа 25 бода во групата „I“, шест пред Мадагаскар, кој загуби со 1:4 на гостувањето во Мали.

ПретходноАх, таа проклета 90+6.минута: Дури сега се гледа колку ни недостигаат тие два бода од мечот со Велс во Скопје!
СледноРакометарките ги стартуваа подготовките за дуелите со Германија и Словенија!(ФОТО)