Милевски: Со изданието во вториот дел заслуживме победа

276

Македонската фудбалска репрезентација не успеа вечерва да го оствари планираното и да победи во седмиот дуел од актуелните мундијалски квалификации против соодветната селекција на Казахстан. И покрај огромната желба, напор и жртва која што ја дадоа нашите момци, овојпат едноставно не ни беше судено. Или пак, Казахстан беше доволно квалитетен за да оствари реми во Скопје, кое нас не „боли“ многу, а нему само му ја билда атмосферата.

„Што би променил сега да почнува мечот? Формацијата и неколку играчи. Немавме доволно информации за Казахстан, со нов селектор. Во вториот дел, направивме измени, формацијата ја променивме, изгледавме како што треба. Миовски играше на таа принудна крилна позиција. Во интерес на тимот и Бојан и останатите се ставаат во негова функција“ – рече селекторот Милевски, па додаде.

„Влеговме малку нервозно во првиот дел. Од патот, од дуелот со Белгија, од се што се случуваше. Изгубивме доста дуели, таа „втора“ топка беше на противникот многу често. Во вториот дел, го покажавме правото лице, со изданието во продолжението на мечот, заслуживме победа“ – додаде селекторот.

„И со Белгија и со Казахстан имавме интензивни 180 минути. По влегувањето на Трајковскил, во тој период имавме грст шанси, не ги искористивме. Оставивме простор позади, имаше и Казахстан шанси, можеби е реален резултатот 1:1, но според шансите, според мене Македонија беше поблиску“ – рече нашиот кормилар.

„Не би рекол дека било кој од играчите имал во себе потенувачки став кон противникот. Едноставно некогаш такви се нештата. Пробавме да озвежиме на некои позиции. Илиевски, Алими, Ристовски, Велковски…. стартуваа… беа позвежи. Но кога сме во само два цели дена, рекуперација, подготовка за нов меч. Немате доволно време. МОжам само да честитам, ништо повеќе“ – поентира Милевски.

 

 

 

ПретходноКостадинов: Според шансите заслуживме победа!
СледноФОТО НА ДЕНОТ: Па, зарем е можно?!