Ангелов: Од поразите научивме многу, се поправаме од меч во меч

118

Македонската фудбалска репрезентација до 21. година утре со почеток од 18:00 часот на гостински терен во Црна Гора, го игра четвртио квалификациски дуел од актуелната кампања.

Нашите младу фудбалери во овој дуел влегуваат по домашниот триумф над Ерменија од 2:1, во кој имавме негатива на полувреме, но покажавме карактер. Направувме пресврт, постигнавме два гола, ги освоивме бодовите, и го пробивме ледот што се вели на таа тема.

Сега со три бода на контото одиме на второто гостување по она во првото коло кај Полска.

„Доста научивме од поразите против Полска и Италија. Се поправаме, уводивме каде сме грешеле. Домашниот дуел против Ерменија, добро ни дојде. Освоивме три бода, сакаме да продолжиме во таа насока. Црна Гора е доволно анализирана, знаеме што може овој противник, но и кои му се слаби страни. Нема што премногу да се осврнуваме на противникот, треба да ја дигнеме нашата игра на што е можно повисоко ниво, и да постигнеме уште еден добар резултат“ – вели нашиот капитен Матеј Ангелов.

 

ПретходноГоце Георгиевски: Подготвени сме за дуелот со Сесвете!
СледноФФМ со информација за вечерашниот дуел: Вратите отворени од 18:45, препорака да се дојде пеш