Вечерва од 20:45 часот на свој терен, пред своите фанови на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, , А-репрезентцијата на Македонија во екстра важен меч се среќава со Казахстан.
Пред неколку минути нашиот селектор Благоја Милевски го откри и стартниот состав.
Од она што може да се види е дека вечерва Казахстан ќе го напаѓаме со Миовски, Елмас, Ристовски…
Ова се стартните единаесетмиина на Македонија:
Димитриевски, Стојчевски, Велковски, Зајков, Алиоски, Илиевски, Алими, Елмас, Барди, Миовски, Ристовски.